fbpx

Битола, град-музеј под отворено небо

-

Филмот „Музеите на Битола“, во кој е преточено музејското богатство на градот на конзулите, синоќа во археолошкиот локалитет Магаза беше прикажан пред битолчани како дел од културното лето „Битфест“ .

Историчари, етнолози, археолози и туристички водичи од градот зборуваа за музеите и  за музејски поставки во Битола и во поширокиот регион, зборуваа за културното богатство и за знаменитостите на Битола, почнувајќи од Заводот и Музеј, Спомен-собата на Мусфата Кемал Ататурк, спомен-куќите на Гоце Делчев и на Стив Наумов, Музејот на албанската азбука, Музејот посветен на Евреите, Музејот „Вагнер Лала“, Хераклеја Линкестис, па сè до авто и етномузејот во битолското село Крклино. Во овој докуметарен филм беше истакнато дека Битола е музеј  на отворено, со една од најубавите улици на Балканот, Широк сокак, и со амбиент на Старата битолска чаршија.

– Филмот има цел да го прикаже непроценливото музејско богатство на Битола, бидејќи Битола е еден вистински музеј под отворено небо во кој една по друга се преплетуваат формалните и неформалните музејски поставки – рече режисерката на филмот, Анета Шијакова, новинарка по професија.

Сценариото го изработи  Каролина Николоска.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...