fbpx

Спојувањето на „Вип“ и на „Оне“ ќе заврши до крајот на годината

-

Спојување на два мобилни оператори во земјава, „Вип“ и „Оне“, ќе заврши во последниот квартал од годината, пред сè, поради бројните бирократски процедури што му претстојат на процесот, информираше Никола Љушев, извршен директор на „Вип“.

Според Љушев, спојувањето ќе обезбеди поголем капацитет и иновативност на компанијата, односно зголемена конкурентност во однос на најголемиот играч на пазарот.

– Ќе се создаде оператор кој по бројот на корисници ќе стане подоминантен, порамноправен и поефективен, кој ќе нуди пакети и услуги со кои ќе му парира на „Македонски телеком“. Спојувањето ќе донесе поголема конкуренција, зголемување на асортиманот на услги, а размената на знаења меѓу двете компании ќе донесе иновативност во компанијата. Исто така, спојувањето ќе донесе финансиски помоќна компанија, која ќе генерира поголеми профити, а со тоа и повеќе ќе придонесува за буџетот на државата – истакна Љушев.

Тој додаде дека новиот оператор „Вип.Оне“, според договорот со Комисијата за заштита од конкуренција, презема обврска да овозможи влез на два нови виртуелни мобилни оператори, со кои овој момент веќе се водат разговори.

– Веќе стапивме во контакт со неколку виртуелни оператори и имаме и писма со намери и планираме да си ја исполниме оваа обврска – изјави Љушев.

Првиот човек на „Вип“ изјави дека спојувањето неминовно ќе доведе до намалување на одредени работни позиции каде има совпаѓања, без да прецизира за колку работни места станува збор. Од друга страна, тој најави дека ќе бидат потребни нови вработувања на одредени клучни позиции.

Новата компанија „Вип.Оне“ ќе функионира во рамките на кластерот Македонија-Хрватска, како што од неодамна функционира операторот „Вип“ во рамките на организациската шема што ја постави сопственикот на „Телеком-Австрија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...