Бесплатни курсеви по математика и информатика за ученици од цела држава

Часовите ќе се одржуваат за време на викендите и се наменети за ученици од четврто до деветто одделение

Фото: Thomas Park на Unsplash
Од месец ноември, на учениците ќе им бидат овозможени бесплатни онлајн курсеви по математика и информатика, односно програмирање за почетници, од страна на здружението „Бистри умови”.
Часовите ќе се одржуваат за време на викендите и се наменети за ученици од четврто до деветто одделение. За секое одделение ќе има организирано посебни часови.
Бидејќи часовите ќе бидат достапни преку линкови од веб-страната на Бистри умови и други социјални мрежи, нема ограничување на бројот на ученици кои можат да ги следат часовите.
За курсот по програмирање нема одредена возраст и може да биде проследен од сите кои имаат желба да се запознаат со програмирањето и да научат како да програмираат.