fbpx

Бензините од ноќеска ќе поскапат за два денари, дизелот за денар и пол

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука, со која од ноќеска се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 отсто.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за еден и пол денари за литар.

Од ноќеска на бензинските станици малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар за литар.

Со новото зголемување, цената на литар бензин Еуросупер БС-95 ќе изнесува 86 денари, додека Еуросупер БС-98 од ноќеска ќе се продава за 88 денари за литар. Дизелот на бензинските станици ќе чини 87 денари за литар, додека екстра-лесното масло ќе се продава по цена од 85 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 денари за килограм и сега ќе изнесува 52,294 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,350 отсто, кај дизелот за 2,503 отсто, кај екстра лесното масло за 2,674 отсто и кај мазутот намалување е за 0,222 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,225 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...