fbpx

Бен Стилер и Овен Вилсон како манекени на ревијата на Валентино

-

Едно од најголемите изненадувања на Париската модна недела беше на ревијата на Валентино, кога на писта се појавија главните ликови од комедијата „Зулендер“ од 2001 година, познатата актерска двојка Бен Стилер и Овен Вилсон.

Дерек Зулендер, чиј лик го толкува Бен Стилер, и неговиот колега Хансел, односно Овен Вилсон, со нивната нова улога на манекени, го најавија и второто продолжение на филмот, за кое потврда стигна и од „Парамаунт“.

Нивното појавување на ревијата на Валентино предизвика лавина позитивни коментари и реакции на социјалните мрежи, а симпатичната двојка на крајот од ревијата направи и фотографија со легендарната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...