Бектеши: Стартува реализацијата на петте мерки за помош на угостителско-туристичкиот сектор

-

Започнува остварувањето на петте мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, според кои, до крајот на годината ќе бидат исплатени вкупно 7,5 милиони евра државна помош, најави на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши и потсети дека главната цел е ревитализирање на економијата во услови на ковид-19.

„Почнуваме со реализација на пет мерки кои се директна поддршка за туристичките и угостителските работници, во консултација со приватниот сектор. За реализација на сите 5 мерки Министерството за економија со Ребалансот на Буџетот има обезбедено средства во износ од 459.650.000 денари, односно 7,5 милиони евра, рокот на аплицирање за овие пет мерки е 27 ноември, а финансиската поддршка ќе биде исплатена до крајот на годината“, изјави Бектеши.

Првата мерка е за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти. Износот на средствата од буџетот е 120.000.000 денари.

Втората се грантови за туристички агенции. Износот кој ќе биде доделен е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, од бројот на вработените и од типот на лиценцата за работа, а ќе изнесува најмногу до 180.000 денари за Б лиценца и најмногу до 430.000 денари за А лиценца. Вкупниот износ на средства за оваа мерка е 116.850.000 денари.

Третата е за грантови за категоризирани ресторани за свадби кои со одлука на Владата за време на кризата беа затворени. Со оваа мерката се предвидуваат грантови за категоризирани ресторани кои имаа пад во нивните приходи од над 75 отсто, односно кои организираат свечености, свадби и настани, а поради пандемијата беа ограничени да вршат дејност. Износот на средства е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на решението за категоризација, а ќе изнесува од 180.000 до 600.000 денари. Вкупниот износ на средства за оваа мерка предвиден во буџетот е 60.000.000 денари.

Четвртата мерка се грантови за игротеки, според вкупниот приход на субјектот во претходната година, а грантот ќе изнесува од 90.000 до 300.000 денари. Вкупниот износ на средства за оваа мерка е 153.000.000 денари.

И петтата мерка се грантови за лиценцирани туристички водичи, со која е предвиден грант во износ од 3 просечни плати односно по 65.000 денари за секој туристички водич, кој поради ковид кризата не можеше да ја обавува дејноста. Вкупниот износ на средства за оваа мерка предвиден во буџетот е 9.800.000 денари.

Министерството за економија информира дека реализацијата на мерките ќе ја спроведува преку платформата www.domasiedoma.gov.mk или www.pushimenevend.gov.mk на која ќе можат да се поднесат барањата и потребната документација. А, за потврда на веродостојноста на податоците, ќе се врши проверка од надлежни институции.

„Очекувам максимално искористување на мерките и постигнување на посакуваните ефекти, а тоа се задржување на работните места и помош за компаниите за опоравување од последиците со пандемијата. Ги повикувам сите туристички работници и угостители да аплицираат, а Министерството за економија веднаш ќе ги обработи апликациите, се со цел средствата да бидат навремено исплатени“, рече Бектеши.

Тој потсети дека тече мерката за конфинансирање на трошоците на занаетчиите и вршители на занаетчиска дејност, на 60 отсто од докажани трошоци, но не повеќе од 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали. За тоа се предвидени средства со вкупен износ од 20.000.000 денари, а ќе бидат кофинансирани докажаните трошоци за набавки направени во 2020 година. Изборот на апликантите ќе се прави по принципот „прв дојден, прв услужен“, а крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е исто така, до 27 ноември годинава.

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти,...