Бектеши-Качка: Наскоро во Украина ќе се извезуваат македонски производи без царина

-

На третата седница на меѓувладината комисија според Договорот за македонската влада и украинската влада за трговска и економска соработка, со која претседава министерот за економија Крешник Бектеши и заменик министерот за економски развој, трговија и земјоделство на Украина, Тарас Качка, договорено е нашите производите од земјоделско-прехранбениот сектор да се извезуваат без царина или со намалена царина. За тоа е претходно потребно да се нарават измени во Договорот за слободна трговија.

„Годинава двете земји во рамки на билатералните односи, успеаа да договорат нова либерализација, согласно Договорот за слободна трговија. Се надевам во најскоро време и ќе се потпише, бидејќи е значаен поттик за компаниите да можат да извезуваат производи од домашно производство, без царина или со намалена царина“, рече Бектеши на средбата во Киев.

Тој информираше дека е веќе започната промотивна кампања за извозниот потенцијал на македонски производи и дека Украина е голем пазар за македонското вино и земјоделските производи.

„Ги активиравме трговските односи по пат на измена на Договорот за слободна трговија, со цел повисока трговска либерализација, следејќи ги обврските на двете земји поврзани со полноправното членство во СТО. Со новата либерализација што ја договоривме за земјоделско-прехранбениот сектор, даваме можност нашите производи да добијат конкурентска предност, бидејќи ќе се извезуваат без царина или со намалена царина“, посочи Бектеши.

Заменик министерот Качка ги презентираше макроекономските показатели на земјата како и економските и трговските податоци помеѓу Северна Македонија и Украина.

Напомена дека обемот на трговска размена е под силно влијание на пандемијата и глобалната економија. Според статистичките податоци, трговија помеѓу С. Македонија и Украина во 2020 година има пад од 35 отсто во однос на 2019 и изнесува 99,8 милиони евра, додека во првите четири месеци од 2021 година е 51 милион евра.

На работната средба беше потпишан Протокол за новите можности на идната економска соработка, беше потпишана Спогодна за млади и спорт меѓу Агенцијата за млади и спорт на С. Македонија и Министерството за млади и спорт на Украина, и Спогодба за соработка во областа на карантин и заштита на растенијата.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...