fbpx

Баерн повторно му нуди договор на Робен

-

Германскиот шампион Баерн Минхен не сака ништо да остави на случајноста, без оглед што Арјен Робен, холандското репрезентативно крило, е сигурен во останувањето во Баварија. Сепак, шампионот е решен со нов договор да ја спречи и најмалата опасност, Робен да се премисли, пренесе „Спортмедиа“.

Робен по Мундијалот во Бразил беше желба на Луј ван Гал за да го засили Манчестер јунајтед, но Холанѓанецот призна дека го одбил својот селектор и дека нема намера да си оди од „Алијанц арена“. Сепак, новите шпекулации за нов обид да се привлече Робен, го вклучија алармот кај Баерн, па Карл Хајнц Румениге, наводно, веќе почнал преговори за нов договор со холандското крило.

Робен има 180.000 фунти неделна плата и соработката со Баерн ја продолжи пред една година, но сега Баварците, кои имаат фантастични финансиски резултати и 16 години порано го отплатија стадионот, најавуваат дека со нов договор ќе го задржат.

Холанѓанецот (30) пред 11 години го одби Јунајтед за да замине во Челси, а сега неговиот договор истекува во 2017 година. Сепак, ако се случи продолжувањето, можно е да биде врзан за баварскиот гигант до 2020 година.

Медиумите, пак, шпекулираат дека Манчестер јунјатед понудил 24 милиони фунти за Робен во минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.