fbpx

Автопатите „Арбен Џафери“ од Блаце до Приштина и низ Грделичка клисура готови до крајот на мај

Автопатот од Ниш до Прешево ќе биде целосно функционален во следните 10 дена, додека на 29 мај ќе биде пуштен во употреба и автопатот „Арбен Џафери“ меѓу Приштина и граничниот премин „Блаце“

-

Македонските граѓани од крајот на мај во Србија и Косово ќе можат да патуваат по нови автопати. Двете земји, во речиси идентичен период, ја завршуваат изградбата на двата автопати што ќе обезбедат побрзо патување до Приштина и Ниш. Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ денеска најави дека во наредните 10 дена ќе биде отворен за сообраќај автопатот што минува низ Грделичката клисура.

– Отвораме нов автопат низ Грделичката клисура долг 26,3 километри, кој е последната делница на јужниот дел од Коридорот 10 – посочи министерката Михајловиќ. Овој дел од паневропскиот коридор беше единствен што не е доведен на профил на автопат низ целиот Балкан. Со неговото завршување, граѓаните на нашата земја ќе го скратат времето на патување во правец кон Ниш.

Речиси истовремено, и косовските медиуми деновиве информираа дека автопатот „Арбен Џафери“ меѓу Приштина и граничниот премин „Блаце“ ќе биде пуштен во употреба на 29 мај. Избраниот изведувач „Бехтел – Енка“ во моментов ги привршува градежните работи на мостот долг 6 километри што минува низ Качаничката клисура, на потегот меѓу Хани и Елезит и Качаник.

Автопатот „Арбен Џафери“ е долг 65,56 километри, има по две коловозни ленти и по една лента за застанување во секој правец, а долж неговата траса се изградени 19 моста. Во близина на Приштина, автопатиштата „Арбен Џафери“ и „Ибрахим Ругова“ меѓусебно се вкрстуваат, обезбедувајќи ја во моментов најбрзата патна врска од нашата земја кон Албанија и Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...