fbpx

Австрискиот канцелар бара ЕУ да ги прекине преговорите со Турција

-

Австрискиот канцелар Кристијан Керн изјави дека ќе отвори дискусија со лидерите на европските влади за прекин на преговорите со Турција за членство во ЕУ поради демократските и економските слабости на земјата.

Европските лидери се загрижени поради акциите што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги презема против осомничените дисиденти по минатомесечниот неуспешен воен пуч.

Керн дополнително ја заостри реториката во интервјуто за јавниот сервис ОРФ и оцени дека разговорите за членство на Турција се „дипломатска фикција“ и оти е време да се „притисне копчето за рестартирање“.

– Знаеме дека демократските стандарди се недоволни за да се оправда примањето на Турција. Економското прашање, во најмала рака, е исто така важно затоа што турската економија е премногу оддалечена од европскиот просек – рече австрискиот канцелар.

На прашањето дали Австрија ќе го стави конкретниот предлог на маса на состанокот на Европскиот совет на 16 септември, Керн одговори дека Виена „ќе иницира дискусија“ и ќе побара „алтернативен концепт“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...