fbpx

Авганистанските власти очекуваат продолжување на мировните преговори

-

Властите во Кабул се надеваат дека до крајот на месецот ќе биде одреден датум за обнова на преговорите со талибанците, изјави денеска авганистанскиот министер за надворешни работи, Салахудин Рабани, на почеток на состанокот со претставниците на четирите земји на кој се очекува повторно покренување на мировниот процес.

На состанокот учествуваат претставници на САД, Кина, Авганистан и на Пакистан, но не и талибанците.

Првите преговори меѓу Кабул и талибанците се одржаа во јули минатата година во Пакистан, но набргу беа прекинати откако беше објавено дека талибанскиот лидер, мула Мохамед Омар, веќе две години е мртов. Toа покрена борба за власт и поделба меѓу талибанците околу учество во понатамошните преговори.

Талибанците ги интензивираа нападите и воената офанзива. Според ОН, во судирите во 2015 година се убиени повеќе од 3.500 цивили, што е најголем број на цивилни жртви од 2009 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...