Овој викенд (сабота, 11 јуни) Андреас Трајковски, член на АК Работнички го собори македонскиот рекорд на 100 метри истрчувајќи ја патеката на атлетскиот митинг во Копенхаген, за 10 секунди и 50 стотинки.
Досегашниот рекорд на Северна Македонија во ова дисциплина изнесуваше 10 секунди и 59 стотинки, поставен на 1 мај оваа година од страна на Јован Стојоски.
Со овој резултат и нов рекорд, атлетичарот го освои 3-то место на митингот и уште еднаш ја потврди одличната форма во која се наоѓа оваа сезона. Трајковски покрај овој рекорд, го носи и рекордот во скок во далечина, 7 метри и 60 сантиметри, кој го постави на 17 мај оваа година во Грција.
Во следниот период Андреас го очекуваат неколку важни меѓународни натпревари во скок во далечина. Тој на 16 јуни кога ќе настапи на меѓународен атлетски митинг во Копенхаген а потоа, на 18 јуни ќе настапи во скок во далечина за атлетската репрезентација на Македонија на Балканските игри во Крајова (Романија). На 1 јули, Трајковски ќе ја претставува земјава во истата дисциплина на Медитеранските Игри во Оран (Алжир).ндр