fbpx

Асоцијацијата ЕФЦСН претставена во Брисел како поборник и гласник на проверувачите на факти од Европа

-

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (European Fact-Checking Standards Network -EFCSN) ги претстави своето управно тело и новосоздадениот Кодекс на професионални стандарди на јавна церемонија во Брисел на 16 ноември. На настанот присуствуваа и претставници на институции на ЕУ, платформи за дигитални медиуми и на граѓанското општество.

Во текот на изминатава година, ЕФЦСН собра повеќе од 50 организации на проверувачи на факти од Европа за создавање на Кодексот на професионални стандарди, кого што организациите што сакаат да станат членки на мрежата ќе треба да го почитуваат.

Фондацијата Метаморфозис од Скопје е една основачките организации на ЕФЦСН и беше вклучена во изработката на кодексот и статутот на новата организација од самиот почеток. Инаку, Метаморфозис е единствена членка на ЕФСЦН од Северна Македонија.

Членството во оваа мрежа ќе биде сигнал за јавноста кои европски организации за проверка на факти функционираат независно, етички и со посветеност на службата на јавниот интерес.

Претседавачот на Управното тело на ЕФЦСН, ко-основачка и главна директорка на Maldita.es (Шпанија), Клара Хименез Круз, го отвори настанот истакнувајќи ги целите на ЕФЦСН – да биде претставник на проверувачите на факти што ги почитуваат стандардите на мрежата, коишто се движат од партиска непристрасност до квалитетн избор на извори и финансиска транспарентност.

ЕФЦСН е „организација што истовремено е екстремно захтевна, што ги води своите членки кон совршенство и многу високи стандарди, но истовремено и премногу инклузивна во поглед на искуствата на оние организации што се веќе присутни на овој план“, порача таа.

„Транспарентноста е нашиот штит против недовербата, соработката е нашето оружје против дезинформациите“, додава таа, алудирајќи на строгите барања за транспарентност на Кодексот и неверојатниот капацитет за соработка на заедницата на проверувачи на факти што се докажани низ годините и формализирани со создавањето на ЕФЦСН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...