Арсен во водата немало, ама во Гевгелија сепак ќе се гради нов водовод

-

По неколкугодишните обвинувања од невладината организација „Арсена“ дека водата за пиење во Гевгелија е загадена, Општина Гевгелија објави тендер за изградба на нов водоснабдителен систем во градот.

Се обидовме телефонски да го добиеме градоначалникот Иван Франгов, за да ни објасни од која прична се градат нови бунари кога, според неговите претходни изјави, сè е во ред со старите, но тој не одговори на нашите телефонски повици.

Како што пишува во огласот објавен на веб-страницата на Општината, водоснабдителниот систем ќе се гради со кредит од Светска банка и со грант од ИПА-програмата.

Со проектот е предвидено да се изградат два нови бунари кај реката Вардар, потисен цевковод и резервоар на Мрзенски рид.

Проценетата вредност на водоснабдителниот систем изнесува 105.258.839 денари, од кои 70.738.500 денари се обезбедени од Светската банка, додека 260.000 евра се грант од европските ИПА-фондови.

Понудите од заинтересираните компании треба да се достават најдоцна до 4 октомври.

Изградбата на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија доаѓа по долгогодишните критики на невладините организации дека водата за пиење во Гевгелија содржи високи количества на арсен.

Од граѓанската иницијатива „Арсена“ во јули годинава ја објавија анализата на примерок вода од гевгелискиот водовод, која покажа присуство на енормни количества арсен, но и на тешкиот метал ванадиум.

„Само пред еден месец концентрацијата на арсен беше 21,3 микрограми на еден литар вода, а сега е 19,7 микрограми што е и понатаму за 97 отсто повисоко од здравствено пропишаните норми за употреба на водата од страна на човекот“, информираа тогаш од „Арсена“.

Градоначалникот на овие обвинувања рече дека „Сорос и Арсена“ намерно се обидуваат да го уништат угледот на Општината.

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот брат. Првостепената...

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно...

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот...