fbpx

Антиќ им се извини на навивачите поради лошиот публицитет

-

Перо Антиќ, заедно со својот соиграч од Атланта хокс, Табо Сефолоша им се извини на навивачите на клубот, поради предизвиканиот лош публицитет по нивното апсење во Њујорк.

Двајцата кошаркари беа уапсени во ноќниот клуб „Челси“, под обвинение дека ја попречиле полициската истрага, откако претходно, во сосема изолиран инцидент, со нож беше прободен кошаркарот на Индијана пејсерс, Крис Коупланд.

Антиќ и Сефолоша велат дека и покрај тоа што беа приведени, тие не сториле ништо лошо, туку едноставно се нашле на погрешно место, во погрешно време.

„Ние сме кошаркари на Атланта и се придржуваме кон високите стандарди на однесување и нашата улога во професионалниот тим е на највисокото можно ниво. Ќе сториме сè за да докажеме дека не сме погрешиле и не сме направиле ништо погрешно. Им се извинуваме на семејствата, на соиграчите и на сите од тимот на Атланта хоукс за лошиот публицитет што им го донесе овој инцидент“, пишува во заедничкото соопштение на двајцата кошаркари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...