АНАЛИЗА: Унгарскиот заем и должничката позиција на државата

Освен што ќе го земеме унгарскиот заем од 500 милиони евра, во најава е уште едно задолжување - или кај меѓународните финансиери или повторно кај Владата на Унгарија

-

Во оваа 2024 година од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра, а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра – и по двата основи има пораст на задолжувањето во однос на претходните буџетски проценки, пишува Порталб.мк. На врата на јавните финансии „тропа“ унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој, според најавите од Владата, ќе се трошат догодина.

Со јавен долг кој се приближува до 9 милијарди евра и бруто-надворешен долг до 11,8 милиони евра, државата преку законско решение обезбеди терен за новиот заем од Унгарија во износ од 500 милиони евра.

„РСМ има можност под исклучително поволни услови да обезбеди средства за буџетско финансирање и финансирање на општи цели во согласност со важечките закони, со воспоставување на посебна економска соработка со Унгарија. Целта на обезбедувањето на овој заем е унапредување на постојната и воспоставување на посебна економска соработка со Унгарија“, пишува во Предлог – законот за задолжување.

Дел од економистите веќе оценија дека овој нов заем ќе влијае врз должничката позиција на земјава. Како ќе се движи јавниот долг и бруто-надворешниот долг ќе зависи од износот на кредити и заеми што ќе се вратат во следниот период кон домашните и кон странските финансиери. Освен што ќе го земеме унгарскиот заем од 500 милиони евра, во најава е уште едно задолжување, или кај меѓународните финансиери или повторно кај Владата на Унгарија. Целиот овој пакет на задолжувања извесно е дека ќе влијае врз состојбата со задолженоста на државата. И во ребалансираниот Буџет 2024, прв буџетски документ со потпис на новата Влада, се наведува дека јавниот долг, како процент од БДП, ќе порасне.

„Согласно последните проекции на Министерството за финансии државниот долг на крајот на 2024 година ќе изнесува 57,1% од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 66,3%“, пишува во Буџетот.

Со ребаланс на Буџетот од домашно задолжување годинава се очекува прилив во износ од 896.400.000 евра, сума која е за 250.000.000 повисока во однос на Буџетот пред ребалансот, а задолжувањата од странство годинава ќе бидат во износ од 724.800.000 евра, што исто така е повисоко во однос на претходната буџетска проценка.

Јавен долг од 8,8 милијарди евра

Бруто-надворешниот долг останува над границата од 80 отсто од БДП. И според новите податоци на Народната банка, заклучно со првиот економски квартал, вкупниот бруто долг кон странство достигна 11,78 милијарди евра или само за три месеци тој се зголемил во апсолутен износ за 118 милиони евра, од кои 79 милиони евра е долг на приватниот сектор, а 39 милиони евра нов државен долг.

„Порталб“ направи споредбена анализа за движењето на задолженоста на државата која покажа дека за првпат бруто надворешниот долг надминува 80 отсто од БДП во 2020 година и оваа состојба се одржува досега.

„Показателите за надворешната задолженост на домашната економија се во безбедната зона. Освен показателот за учеството на бруто надворешниот долг во БДП којшто и понатаму е во зоната на висока задолженост, сите останати показатели за солвентност и ликвидност упатуваат на ниска задолженост на домашната економија“, нотира Народната банка во последниот извештај.

Според податоците од Министерството за финансии, пак, заклучно со првата половина од годинава, јавниот долг надмина 8,8 милијарди евра или 60,5 отсто од БДП. Според пресметката на “Порталб“, најголем дел или 61,3 отсто е долг кон странство, додека останатите 38,7 проценти е долг кон домашните кредитори.

Само годинава по основ на домашен и странски долг државата треба да исплати 634.200.000 евра. Годинава доспеваат за отплата домашни обврзници со рочност од 3,5 и 10 години во износ од скоро 300.000.000 евра. Дел од новите најавени задолжувања ќе биде наменет за отплата на доспеани обврски, вклучително и еврообврзницата во износ од 500.000.000 евра која беше издадена во 2018 година, а доспева за отплата во јануари догодина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...