fbpx

Анѓушев: Странските инвеститори внеле 78,8 милиони евра, во првите три месеци

-

Вкупно 78,8 милиона евра странски капитал е влезен во земјата во првите три месеци, истакна вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

„Оваа година само во првиот квартал се 78,8 милиона евра, а просекот од претходните седум години изнесува 15,6 милиони евра или во 2019 година директните странски инвестиции, директните пари донесени за градење фабрики во државата се пет пати повеќе од овој просек. Најдобра година во претходните осум години е 2012 кога таа бројка е 34,7 милиони евра, а во 2019 година првиот квартал е за 227 проценти подобар од најдобрата година во претходните осум“, изјави Анѓушев.

Тој посочи дека ова е само уште еден показател дека за деветнаесетте  фабрики што се градат во ТИР-зоните и уште оние шест што се градат надвор од зоните, или вкупно се градат 25 фабрики за кои странските компании внеле пари во нашата државата.

На прашањето, зошто вкупната бројка е помала вицепремиерот објасни дека тоа е само заради тоа што оваа година имаме специфична ситуација во која што има големи средства на компании, кои што испорачале производи од нашата држава, а не ги наплатиле.

„Тоа се главно од нивните мајки-фирми и таа ставка изнесува 171 милион евра во првиот квартал. Ако на овие 171 милион евра се додадат на 21,6 милион евра, тоа би била реалната ситуација. Со оглед на тоа што производството во странските компании порасна значително, тие сега имаат произведени и испорачани производи надвор од државата, а не наплатени. Тие пари не се стигнати во државата. Истата категорија мината година била 64 милиони евра. Тука имаме пораст затоа што компаниите имаат зголемена активност што соодветствува со индустрискиот раст. Ако има индустриски раст има зголемување на извозот, нормално е да има и зголемување на стапката на побарувања“, изјави  Анѓушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...