fbpx

Доверителите на штипската компанија „Бетон“ побараа стечај

-

За 13 јуни во Основниот суд во Штип е закажано рочиште за изнесување на докази, откако доверителите на штипската градежна компанија „Бетон“ побараа стечај.

Назначен е привремен стечаен управник, кој  треба да даде своја оценка дали се оправдани барањата и дали треба да биде покренат стечај. Компанијата која работи близу седумдесет години беше главен изведувач на седум објекти од проектот „Скопје 2014“ со наплатени 55 милиони евра.

Некогаш успешното акционерско друштво беше преземено од дел од компаниите на Орце Камчев, кои подоцна ги продадоа своите удели. Од тогаш компанијата преживуваше, а кризата настана откако грчки „Интеркат“ го раскина договорот за градење на клиничката болница во Штип.

Грците презедоа и дел од работниците, а други заминаа во нови фирми. Директорот на „Бетон“, Ванче Мијалчев изјави дека со цел да ги заврши почнатите работи на болницата „Бетон“ зел и кредит, што сега не може да го врати, додека од „Интеркат“ им должат 1,5 милиони евра за изведени работи.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download micromax firmware
Free Download WordPress Themes
udemy course download free