fbpx

Американскиот Сенат ја блокираше помошта за Украина и границата со Мексико

Предлог-законот предвидуваше 60 милијарди долари воена помош за Украина, 14 милијарди долари безбедносна помош за Израел и 10 милијарди долари хуманитарна помош за цивилите погодени од војните во Украина, Газа и Западниот Брег

-

Со 49 гласа „за“ и 50 „против“, Сенатот на САД го блокираше унапредувањето на двопартискиот нацрт-закон за границата и националната безбедност. Демократите ги обвинија републиканците дека се поклонуваат пред политичките желби на Доналд Трамп на сметка на нивните гласачи, јавува Гардијан.

Четириесет и пет демократи и четворица републиканци го поддржаа унапредувањето на предлог-законот. За да започне расправата по предлогот, потребни беа 60 гласови.

Поголем дел од републиканците во Сенатот се спротивставија на предлогот, при што рекоа дека законот не оди доволно далеку во решавањето на потребите на американско-мексиканската граница, каде апсењата и нелегалните преминувања достигнаа рекордно ниво.

За блокирање на нацрт-законот гласаа и пет членови на Демократската партија, поради загриженост за сериозноста на безбедносните мерки на границата и дополнителното финансирање за израелската војска среде војната во Газа.

Откако договорот за границата пропадна, Сенатот се обиде да помине посебен закон со пакет странска помош кој вклучува само финансирање за американските сојузници, при што „за“ гласаа 58 сенатори, повторно помалку од потребните 60.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, најави дека сенаторите денеска повторно ќе се состанат за да гласаат за законот.

Двопартискиот предлог закон кој предвидуваше 118 милијарди долари, ќе му дадеше на американскиот претседател Џо Бајден ново овластување да ја затвори границата со Мексико кога дневните премини ќе достигнат одреден број, а истовремено да го забрза процесот на ревизија на азилот, што можеше да доведе до побрза депортација на многу мигранти.

Предлог-законот предвидуваше 60 милијарди долари воена помош за Украина, 14 милијарди долари безбедносна помош за Израел и 10 милијарди долари хуманитарна помош за цивилите погодени од војните во Украина, Газа и Западниот Брег.

Останува нејасно дали републиканските сенатори ќе гласаат за поминување на вториот предлог, бидејќи дел од нив инсистираа законодавството да вклучува и мерки за границата со Мексико, иако веќе еднаш блокираа таков пакет на помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...