fbpx

Ахмети: Груевски ќе си даде оставка на 10 јануари

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „Алсат М“, рече дека сите столбови од Договорот од Пржино се исполнуваат и дека премиерот Никола Груевски ќе поднесе оставка на 10 јануари следната година. Како што изјави Ахмети, тој не очекува да се одложат изборите во април.

– Обврска на сите партии потписнички на Договорот од Пржино е да ги почитуваат обврските што ги прифатиле со тој договор. Мислам дека фактите зборуваат и дека Договорот од 2 јуни е материјализиран, односно поголемиот дел од договорот е исполнет. Специјалното обвинителство е основано, формирани се Државната изборна комисија и Анкетната комисија во Собранието, опозицијата е вратена во Собранието, избрани се дополнителни министри и нивни заменици. Остана отворено прашањето за медиумите. Јас мислев дека сите медиуми треба да се консултираат и да се координираат за да се подготви законот за медиуми. Сите прашања одат според агендата, со дневни доцнења, но главно е дека столбовите се поставени. Сега треба да се избере и генералниот секретар на ДИК. На 10 јануари ќе поднесе оставка премиерот, ќе има гласање за новата влада и сите ќе ги завршат своите обврски според договореното – рече Ахмети.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има простор да се одложат изборите, Ахмети рече дека за тоа прашање не треба ни да се разговара, туку да се почитува датумот за кој се согласиле сите политички субјекти заедно со меѓународната заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УНЕСКО ја додели наградата за слобода на медиумите на палестинските новинари

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...