Македонските државјани што ќе патуваат во Србија, БИХ и во Црна Гора, за една минута разговор ќе плаќаат 17,9 денари во роаминг. Поевтинувањето на разговорите за 73 проценти ќе почне да важи од 30 јуни.
– Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина успеаја да воспостават свој регулаторен пазар и од 30 следниот месец, меѓусебно да комуницираат по драстично намалени цени во роаминг – изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Цената на мобилниот интернeт во роаминг ќе се намали за речиси 90 отсто, а еден мегабајт ќе чини 43 денари. Се намалува и цената на СМС-пораките кон овие земји, од 12,3 денари на 5,6 денари за една порака.
Македонската Агенција за електронски комуникации (АЕК) е домаќин на тридневната Меѓународна регулаторна конференција.