Први мај е државен празник во повеќе земји во светот, во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви.
Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала, што се одржал во Париз во 1889 година, е решено секоја година на Први мај, во сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации.