fbpx

„Бомба“ од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ принудува вработени да излезат на гласање

-

Претседателот на општинската организација на СДСМ од Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, денеска на прес-конференција објави разговор помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов, градоначалник на Кавадарци, воден во периодот пред локалните избори одржани во 2013 година.

– Во разговорот помеѓу Јанакиески и Панов се потврдува дека општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ биле координирани токму од градоначалникот. Дополнително, овој разговор го открива она што јавноста веќе го знае, дека зад партијата СДПМ целосно стои ВМРО-ДПМНЕ – истакна Ѓорѓиев.

На снимката што беше објавена, Миле Jанакиески и Александар Панов разговараат за излезноста на локалните избори. Јанакиески му кажува дека до 9 часот мора да излезат на гласање сите што се претседатели на месни комитети и раководството на партијата. Од 9 до 10 часот треба да излезат фамилиите, најблиските роднини, од 10 до 12 часот – вработените, а по 12 – неопределените.

Зоран Ставрески и Панов, зборуваат за тоа како претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил во посета на Кавадарци и ја посетил фабриката ИГМ. Ставрески бара да му се организира посета и нему и во Кавадарци и во фабриката. Панов и Ставрески договараат како да се убеди сопственикот на ИГМ од Кавадарци да даде изјава за поддршка на власта на Никола Груевски.

Миле Јанакиески и Панов зборуваат за тоа дали и сопственикот на „Кожувчанка“, кој работел за ВМРО-ДПМНЕ, на денот на изборите ги изнел своите вработени да гласаат.

Влатко Мијалков бара од Киро Шошев, бизнисмен, помош за објектите во сопственот на Армијата на Република Македонија во Кавадарци, да ги земат негови блиски пријатели. Тој му вели да се земе клуч од објектите за пријателите да можат да влезат во нив пред да се донесе одлуката за наем.

На уште една снимка од разговор меѓу Јанакиески и Панов, тие разговараат два дена пред првиот круг од локалните избори. Панов го информира Јанакиески дека поднел оставка на градоначалничката функција до Министерството за локална самоуправа.

Јанакиески во разговор со Мартин Протоѓер открива дека лично тој дал наредба барањето за оставка на Панов да биде скриено, за јавноста да не дознае.

Сашо Мијалков и Слободан Николовски-Цобе зборуваат за тендерите за Агенцијата за обезбедување – СГС.

Николовски-Цобе се координира со Мијлков за цените што СГС треба да ги прифати во договорот со „Ти-мобајл“. Во разговорот, Мијалков наложува во делот со цените да се игра помалку флексибилно, односно СГС да не попушта во цената, а сè тоа во координација со Жарко Луковски, главен извршен директор на „Ти-мобајл – Македонија“.

Мијалков го информира дека веќе зборувал со Луковски за да провери до каде може да се оди со цената.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...