fbpx

Разрешен раководителот на „Терминал – Комуналец“ во Прилеп

-

Управниот одбор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на вчерашната седница го разреши раководителот на „Терминал – Комуналец“, Миленко Тодески, и на негово место за в.д. раководител го постави Рубин Абрашоски.

На седницата се бараше утврдување на одговорност на раководителот на „Терминал – Комуналец“ поради незаконско работење, односно незаконско задолжување на ЈКП „Комуналец“ со фактура за паркинг-просторот и со фактура за мерење, без одлука на управниот одбор.

Како што пишува во образложението, тој фактурирал кога сака.

– Што се случи и кој направи притисок ова незаконско работење и задолжување, на самата седница да се преформулира во донесување одлука за спорни фактури? Бараме одговор од директорот Златко Ристески и прашуваме дали е ова обид за прикривање криминал – изјави на денешната прес-конференција Звонко Јованоски, член на Советот на Општина Прилеп од редовите на опозицијата.

Советничката група на СДСМ веќе неколку години бара од градоначалникот Марјан Ристески да одговори дали намерно му „кумува“ на недомаќинското работење на јавното комунално претпријатие, со тоа што не поставува внатрешен ревизор во локалната самоуправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...