fbpx

Кабинет на Груевски: Актуелната ситуација во земјата штети на имиџот на државата

-

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денекa се сретна со Хојт Ји, заменик помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања. Двете страни ги поздравија одличните односи што постојат помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави и изразија посветеност кон нивно понатамошно продлабочување на секое ниво од заемен интерес, стои во соопштениети од кабинетот на премиерот.

„Соговорниците разговараа за реформите што ги спроведува нашата земја во насока на реализација на стратегиската цел за европска и за евроатланска интеграција. Премиерот Груевски ја истакна посветеноста и волјата за продолжување на реформскиот процес во сите области каде што тоа е потребно и е од интерес на граѓаните на Република Македонија. Двајцата соговорници се согласија дека актуелната ситуација во земјата штети на имиџот на државата и изразија уверување дека истите предизвици треба да бидат надминати во што пократок период низ институциите на системот. Соговорниците ја истакнаа и значајноста од институционалниот дијалог и потребата и приоритетот од активна партиципација во Собранието на сите политички партии. Двете страни ја истакнаа и значајноста на понатамошно продолжување со економските реформи за обезбедување странски инвестиции и нови работни места, при што премиерот Груевски се заблагодари за реализацијата на инвестициите што доаѓаат од Соединетите Американски Држави“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос...