fbpx

Бан: Убивањето на Ерменците не било геноцид

-

Убивањето на Ерменците во 1915 година беше „ужасен злостор“, но не е геноцид, изјави синоќа Стефан Дужарик, портпаролот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Ваквиот став на Ки-мун покажа несогласување со папата Франциск, кој во неделата за време на посебната миса за задушница, го нарече масакрот на Ерменците во Турција „прв геноцид во 20 век“. Неговата изјава предизвика вистинска бура во односите меѓу Ватикан и Турција, бидејќи Анкара тврди дека масовното депортирање и убивање на Ерменците за време на Отоманското Царство во Првата светска војна не бил геноцид. Ерменски извори тврдат дека тогаш се убиени еден милион луѓе.

– Генералниот секретар е целосно свесен за чувствителноста што со себе ја повлекува карактеризирањето на настаните од 1915 година – рече Дужарик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...