fbpx

Активисти ќе им објаснуваат на граѓаните зошто треба да гласаат на референдумот за ГТЦ

-

Членовите на граѓанската иницијтива „Го сакам ГТЦ“ ќе организираат форуми, прошетки низ Градскиот трговски центар, изложби на стари фотографии за да допрат до секој граѓанин и да објаснат зошто е важно да излезат на референдум и да се изјаснат на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на ГТЦ?“, пишува „Нова ТВ“.

– Во овие 20 дена ќе треба да допреме до секој граѓанин на Општина Центар и да му објасниме дека тој е тој што одлучува. Ќе има форуми, прошетки низ ГТЦ, ќе има активности и за најмалите, изложба на стари фотографии, практично сè што ја содржи таа емоција на солидарност – изјави на денешната прес-конференција Никола Писарев, член на иницијативата „Го сакам ГТЦ“.

Иницијативата доаѓа откако се најави идејно решение со кое трговскиот центар би требало да добие барокна фасада.

Иницијаторите ја поздравија одлуката на Општина Центар да распише референдум и велат дека самото тоа е исторички чин за македoнската демократија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...