fbpx

Утре во Прилеп, изложба на дела од членовите на ДЛУП

-

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре, во 19.30 часот, ќе биде отворена групна изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп (ДЛУП).

Во салонот ќе бидат изложени 40 дела од 30 уметници.

Изложбата е во рамки на програмските активности на ДЛУП, преку кои се презентираат новосоздадеите дела на сликарите, скулпторите, вајарите и на графичарите кои своите творби ги изработија на слободни теми во последните две години.

На отворањето на изложбата ќе бидат доделени четири награди: наградата „Велебит Ренди“ за животно дело, за сликарство „Борко Лазески“, за вајарство „Јордан Грабул“ и за графика „Ордан Петлески“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.