Пожар во Нови Сад – загинаа шест лица, од кои четири деца

Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ најави дека ќе се прогласи ден на жалост

-

Пожар избил денес во зграда во Нови Сад во околу три часот наутро, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Загинати се шест лица, од кои четири се деца, на возраст од две, четири, пет и седум години. Се смета дека загинатите лица биле членови на едно семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Според досегашните информации, батерија на електричен скутер која се полнел се запалила, што е најверојатната причина за пожарот. Целото семејство спиело во една соба.

„Видов дека гори, почнав да им викам, но не ме слушнаа“, рекол сосед на семејството за Телеграф.рс.

Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ соопшти дека ќе биде прогласен ден на жалост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...