До 2050 ќе има три милиони луѓе помалку во Западен Балкан – во Македонија 317 илјади помалку

Србија ќе има најголема загуба во апсолутни бројки, а процентуално, Босна и Херцеговина и Албанија предничат, кои до средината на векот ќе загубат повеќе од 20 отсто од своето население

-

Обединетите нации (ОН) процениле дека во 2050 година шесте земји од Западен Балкан ќе имаат околу три милиони жители помалку од денес, дека Србија ќе има најголема загуба во апсолутни бројки, а процентуално, Босна и Херцеговина и Албанија предничат, кои до средината на векот ќе загубат повеќе од 20 отсто од своето население.

Наместо минатогодишните 16.977.000, Западен Балкан во 2050 година ќе има 13.975.000 жители, проценува Радио Слободна Европа повикувајќи се на податоците од ОН.

Србија, која лани имаше 6.788.000 жители, во 2050 година ќе има 5.554.000 или околу 1,2 милиони жители помалку. Доколку се остварат проценките, тоа би било пад од 18,2 отсто, пишува РСЕ.

Босна и Херцеговина од 3.194.000 ќе се намали на 2.469.000 жители, што е намалување за 22,7 отсто, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е намалување за 20,2 отсто.

Северна Македонија наместо 1.836.000 ќе има 1.519.000 жители, што е пад од 17,3 отсто, додека Црна Гора наместо 628.000 ќе има 535.000 или 14,8 отсто помалку.

Според проценките на ОН, Косово ќе забележи најмало намалување, од 1.709.000 на 1.647.000, односно само 3,6 отсто.

САД и НАТО не им забрануваат на нашите медиуми да коментираат за руските воени успеси

Објава на Фејсбук неосновано тврди дека медиумите кај нас не смеат да ги коментираат руските воени успеси во Донбас за да не го налутат „Калето“ (амбасадата на САД) и „Рада“ (Радмила Шекеринска,...

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни причини. „Би сакале...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе...

САД и НАТО не им забрануваат на нашите медиуми да коментираат за руските воени успеси

Објава на Фејсбук неосновано тврди дека медиумите кај нас не смеат да ги коментираат руските воени успеси во Донбас за да не го налутат „Калето“ (амбасадата на САД) и „Рада“...