Демонстранции пред бугарскиот парламент поради забраната во училиштата да се учи за ЛГБТ

Бугарскиот парламент вчера го одобри амандманот на Законот за образование во земјата, што беше воведено од проруската партија Вазраздане, со кој се забранува „промоција, популаризација и поддршка на идеи и мислења поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација или сексуална идентификација различна од биолошката“

-

Демонстранти, незадоволни од усвојувањето на контроверзниот законски амандман со кој се забрануваат предавања за ЛГБТ и „нетрадиционалните сексуални избори“ во училиштата, денеска се собраа пред бугарскиот парламент, пренесуваат бугарските медиуми.

Протестот беше организиран од феминистички, ЛГБТ+ и други групи за човекови права кои повикаа на поништување на амандманот, со кој се забранува она што поддржувачите го нарекуваат „ЛГБТ+ пропаганда во училиштата“.

Веејќи знаме со виножито, демонстрантите извикуваа слогани „Бугарија не е Русија“ и „Молчењето значи смрт“, додека полицијата го обезбедуваше собирот.

Бугарскиот парламент вчера го одобри амандманот на Законот за образование во земјата, што беше воведено од проруската партија Вазраздане.

Амандманот беше изненадувачки поддржан од некои проевропски партии. Од пратениците во 240-члениот парламент – 159 гласаа за промената.

Амандманот во училиштата забранува „промоција, популаризација и поддршка на идеи и мислења поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација или сексуална идентификација различна од биолошката“.

Во вчерашното одвоено гласање, пратениците, исто така, го одобрија законодавството со кое се дефинира „нетрадиционалната сексуална ориентација“ како онаа што „се разликува од општо прифатените и воспоставени поими во бугарската правна традиција за емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивниот пол. “

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...