Kривична пријава за Прилепчанец кој предизвикувал пожари

Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата, по што е лишен од слобода

-

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик, соопштува Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Пријавениот во повеќе наврати, на 15 и на 30 јули, како и на 2 август, па на 5 и на 7 август, во атарите на селата Слатина и Грешница, предизвикувал пожари на отворен простор, кој се проширувале и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија“, соопштува МВР.

Сите пожари биле изгаснати од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод и Подрачното шумско стопанство „Сандански“ – Македонски Брод. При преземање на мерки во врска со пожарите, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го затекнале пријавениот Д.Т. на местото на настанување на пожар и при преглед кај него биле пронајдени предмети со кои може да се предизвика пожар. Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата, по што е лишен од слобода.

Ова е втор уапсен за исто дело. Вчера МВР лиши од слобода и лице од велешко кое признало дека подметнувало пожари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...