Приведен жител на Ореше кој подметнал пожар во шума

Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, информира МВР

-

Вчера во 12 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од с. Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Тој се сомничи дека на август околу 12 часот предизвикал пожар во реонот на с. Папрадиште кон с. Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото“, информира МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан меморандум за реализација на втората фаза на проектот за координација на активностите кои произлегуваат од членството во НАТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, денеска потпишаа Меморандум за соработка за реализација на втората фаза на проектот за...