Македонската тaеквондистка Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка Џонс

Рељиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Париз откако потоа изгуби од Либанката Летиција Аун со 0:2 во рунди

-

Македонската претставничка во таеквондо денеска на нејзиниот деби настап на Олимписките игри во Париз ја елиминираше десет години постарата шампионка Џејд Џонс од Велика Британија, која зад себе има 36 медали од кои 19 златни.

Британката беше голема фаворитка, a клучен момент во борбата беше нејзиниот удар во главата на Џонс, кој ѝ донесе поени доволни за победа во првата рунда.

Релиќ има 21 година, а повеќе од осум години е член на таеквондо клубот „Тигри“, од кои четири функционира како професионалец.

И Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет ја прогласија Релиќ за најдобра млада спортистка за 2023 година. Таа е една од шестемина македонски спортисти на актуелната Олимпијада во Париз.

Според МОК, Мила на последните 7 турнири е освојувач на 5 медали.

„Ги доведе до совршенство одредени техники со кои драстично отстапува од другите натпреварувачки. Посебно со кондициската подготвеност таа е меѓу петте најдобри во светот во женска конкуренција. Последниот златен медал го освои на Европското клупско првенство (ЕП) во Тирана (Албанија)“, велат од Македонскиот олимписки комитет.

Сепак, Рељиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Париз откако изгуби од Либанката Летиција Аун со 0:2 во рунди. Рељиќ и натаму има шанси да се бори за бронзен медал преку репасаж, за што е потребно Аун да се пласира во финалето на категоријата до 57 килограми.

Аун ја доби првата рунда со тесни 9:8, додека втората заврши со нерешени 6:6, но победата ѝ припадна на Либанката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...