Откажани концертите на Тејлор Свифт, австриец со македонско потекло уапсен за планирање терористички напад

Заканата од терористички напади на концертите на американската поп-ѕвезда, Тејлор Свифт, во Виена беше многу сериозна, но благодарение на соработката на австриските и странските служби биле препознаена во рана фаза и спречена е можна трагедија, објави австрискиот канцелар Карл Нехамер

-

Трите закажани концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани поради можна безбедносна закана, јавува Би-би-си.

Концертите требаше да се одржат во четврток, петок и сабота.

Две лица се уапсени под сомнение дека планирале терористички напад на големи настани во областа околу главниот град на Австрија. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми, е со потекло од Северна Македонија.

„Поради потврдата на владиниот функционер за планираниот терористички напад. немаме друг избор освен да ги откажеме трите планирани концерти за сечија безбедност“, се вели во соопштението на организаторите.

Тие додаваат дека „сите билети автоматски ќе бидат вратени во следните 10 работни дена“.

Шефот на виенската полиција изјави дека се очекуваат 65.000 луѓе да ги посетуваат концертите дневно, како и 22.000 навивачи пред стадионот.

Истрагата е во тек.

„Заканата од терористички напади на концертите на американската поп-ѕвезда, Тејлор Свифт, во Виена беше многу сериозна, но благодарение на соработката на австриските и странските служби биле препознаена во рана фаза и спречена е можна трагедија“, објави австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Според медиумите, полицијата трага по уште неколку лица кои се поврзани со планирањето напади на концертите на Тејлор Свифт, но засега нема потврда за оваа информација, пренесува германската новинска агенција „ДПА“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...