Инфлација во јули од 3 отсто, цените на мало се зголемиле за 3,9 проценти

Индексот на трошоците на животот во јули 2024 година бели зголемување од 3 отсто во однос на јули 2023 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

-

Индексот на трошоците на животот во јули 2024 година бели зголемување од 3 отсто во однос на јули 2023 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Истовремено, индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,9 проценти.

Од Државниот завод за статистика соопштија дека зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 во однос на јуни 2024 година е 0,7 отсто и се должи на зголемувањето на трошоците на животот во групите: ресторани и хотели (за 5,8%), транспорт (за 4,9%), рекреација и култура (за 1,2%), здравје, разновидни стоки и услуги (за 0,6%) итн.

Од друга страна, намалување е забележано кај облеката и обувките (0,5%), храната и безалкохолните пијалаци (0,2%) и комуникациите (за 0,1%).

Трошоците на животот во групите: мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...