Средба на Сиљановска Давкова и Вучиќ во „Св. Прохор Пчински“

Претседателот Вучиќ истакна дека Србија и Северна Македонија ќе ги развиваат понатамошните односи со взаемно почитување и дека ќе работат на конкретни проекти, како изградба на пруга до Прешево

-

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Таа се сретна со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со кого ги потврдија традиционално пријателските односи меѓу двете земји.

Сиљановска Давкова се заблагодари за гостопримството, истакнувајќи го историското значење на манастирот „Св. Прохор Пчински“ и АСНОМ, и и за помошта од Србија во гаснењето на пожарите

„Јас сум голем заговорник на регионалната соработка. Убедена сум дека ако не се разбираме едни со други и ако не си помагаме, не можеме да очекуваме да бидеме разбрани од останатите. Затоа, треба да сториме се да ги решаваме проблемите меѓу себе, да не дозволуваме на зелени маси да се решаваат, затоа што не случајно живееме едни крај други“, рече Сиљановска Давкова.

Претседателот Вучиќ истакна дека Србија и Северна Македонија ќе ги развиваат понатамошните односи со взаемно почитување и дека ќе работат на конкретни проекти, како изградба на пруга до Прешево. Тој се осврна и на трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија.

„Нашата трговска размена беше 1,75 милијарди, убеден сум дека во следните две години можеме да одиме на над две милијарди евра“, рече Вучиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...