Радев: Очекуваме Северна Македонија да ги исполни сите обврски, и кон нас и кон ЕУ

Владата на Република Северна Македонија сè уште не ја напуштила изборната реторика. Потребно е да се вратиме во реалноста, рече Радев пред средбата со Сиљановска Давкова.

-

Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекувам овој дијалог да придонесе кон нашето културно зближување, но и да ја поттикне економската соработка. Очекуваме Северна Македонија да ги исполни сите свои обврски и кон нас и кон Европската Унија, изјави денеска претседателот на Бугарија Румен Радев пред средбата со претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова, која е во официјална посета на Бугарија.

Според Радев, Владата на Северна Македонија сè уште не ја напуштила изборната реторика.

„Владата на Република Северна Македонија сè уште не ја напуштила изборната реторика. Потребно е да се вратиме во реалноста. Нашите односи ќе зависат од склучените договори“, изјави Радев.

„Очекувам дека изразената желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Сиљановска Давкова ќе остане како доследна политика на владата на Северна Македонија. Ние строго ќе го следиме протоколот. Време е и за мојата официјална посета на Република Северна Македонија“, посочи Радев.

На прашање дали веќе има таква покана, Радев одговори дека во врска со ова прашање ќе се разговара со претседателката на Северна Македонија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска е во посета на Република Бугарија, а според најавите од нејзиниот кабинет, ќе се сретне со Радев и ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џузепе Верди во изведба на Македонската национална опера и балет (НОБ) во Софиската опера и балет.

Во македонската делегација заедно со претседателката се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Конкурс за краток хорор расказ на македонски јазик за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќта на вештерките“, кој традиционално во западните земји се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“, во соработка со Книжевниот центар „Антолог“, објавува...