Запленети 30.000 евра на граничниот премин Богородица

Тие биле пронајдени во странско возило, каде се возеле двајца странски државјани

-

На граничниот премин Богородица вчеравечер биле најдени 50.000 евра во возило со странски регистарски таблички, во кое се возеле двајца странски државјани, соопшти Царинската управа на РСМ.

„На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гевгелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште,покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 50.000 евра за кои немале никаков документ за потекло“, стои во соопштението на Царинската управа.

На двајцата им биле вратени по 10.000 евра кои законски немаат обврска да ги пријават, но биле задржани останатите 30.000 евра.

Царинската управа поднела соодветна прекршочна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...