Скопје памети: Изложба по повод 61 година од земјотресот во Скопје

Мемориите кои се останати секоја година се нижат низ културните простории на Скопје со цел да се потсетиме коку е важно да се радуваме на малите работи и да го цениме и живееме животот од секунда во секунда

-

„Скопје памети“ се зборови кои оѕвонуваат по стравичниот земјотрес кој го разурна Скопје во 60 тите години на XX век. Низа спомени во чест на илјада жртви, 2.900 повредени, од кои 800 останале инвалиди, додека пак биле урнати 15.800 станови, а оштетени биле 28 илјади домови. Бројките кажуваат многу за маката и тешкотии на скопјаните кои биле сведоци на оваа природна катастрофа.

Помина 61 година од земјотресот, сепак спомените се тука и живеат со скопјани. Да не се повтори, и да не се помрдне ниедна тектонска плоча со години се повторува. Мемориите кои се останати секоја година се нижат низ културните простории на Скопје со цел да се потсетиме коку е важно да се радуваме на малите работи и да го цениме и живееме животот од секунда во секунда.

Фото: Мета.мк

Зоја Богдановска, кустос во музејот на градот Скопје веќе 16 та година по ред твори на темата „Земјотресот од 1963 година во Скопје“, имплементирајќи ја на оваа година поинаков начин насловена „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година, таа велии дека инспирацијата е секогаш тука, бидејќи душата на музејот на градот Скопје е секогаш со неа веќе цели 30 години откако работи тука.

„Низ годините работејќи започнав да собирам материјали поврзани со Земјотресот кој се случи. Првичната инспирација ја добив од моите колеги кои беа првите музеолози од формирањето на Музејот на Град Скопје, па преку нив бев поттикната посуштински да започнам со моето истражување и творење, а понатаму низ годините тоа да го сосредоточам преку изложби поврзани со земјотресот“ изјави Зоја Богдановска во интервјуто за Мета.мк.

Таа објасни дека сликите и спомените прикажани на овогодинешната изложба се од претходните генерации на историчари кои несебично ги споделувале со неа во текот на годините. Таа благодарејќи на нив успеала да створи историја од спомени кои ги краселе и ги красат просториите на музејот.

Извлекувањето на артефактите за време на тие условите не биле ни малку наивни, бидејќи историчарите и сите вработени во музејот работеле макотрпно за време на афтершоковите кои биле 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Зоја Богдановска, кустос во Музејот на Град Скопје, Фото: Мета.мк

„Понекогаш треба да се потсетиме и да им се заблагодариме на историчарите,бидејќи ние денеска ја знаеме вистината и позадината на Скопје за време и по земјотресот. Ние како историчари знаеме дека ништо не почнува и не завршува без нас“ вели Богдановска.

Истражувачката работа за креирање на изложбата ја има извршено лично Зоја, додека за техничката поддршка ѝ помогнале колегите и вработени на музејот, а финансиска помош има добиено од градот Скопје што овозможи реализација на изложбата.

За Зоја најдраг дел од изложбата е, се разбира, делот за Музејот на Град Скопје. Овој музеј е формиран во 1949 година под името Народен музеј на град Скопје, а во 1965 година е преименуван во Музеј на Град Скопје.

„Сите спомени прикажани на изложбата се плодови од настаните за време, по земјотресот и понатаму добиената меѓународна поддршка, сето тоа е меморирано. Јас јубилејно оваа година одбележувам 30 години откако започнав да работам во музејот на градот Скопје, па така за мене оваа изложба е од посебно значење“ рече Зоја Богдановска историчар, музеолог и кустос во музејот на градот Скопје.

Путин не е цар на православието и не придонел за постоењето на Македонија

Објава на Фејсбук му го честита 72-от роденден на рускиот претседател Путин, тврдејќи дека без него дури не би постоела Македонија, па дури ни православието, чиј лидер или цар...