fbpx

Русија започнува со нуклеарни вежби како очигледно предупредување до Западот

Вежбите беа најавени на 6 мај, а Министерството за одбрана во соопштението потврди дека тие ќе бидат одговор на „провокативните изјави и заканите на одредени западни претставници во однос на Руската Федерација“

-

Руската војска вчера започна вежби со тактичко нуклеарно оружје, нешто што беше најавено од страна на руските власти во текот на месецов, како очигледно предупредување до високите западни претставници кои зборуваа за можноста за подлабоко инволвирање во војната во Украина, пренесува Асошиејтед Прес.

Ова е првпат Русија јавно да објави вежби со тактичко нуклеарно оружје, иако нејзините стратешки нуклеарни сили редовно одржуваат вежби од овој вид.

Според соопштението на Министерството за одбрана, објавено во вторникот, првата фаза од новите вежби предвидува „практична обука за подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, вклучувајќи ги и ракетите Кинжал и Искандер со нуклеарни капацитети.

Маневрите се одржуваат во Јужниот воен округ, кој се состои од руски региони на југ, вклучително и на границата со Украина, потоа Крим, незаконски анектиран од Украина во 2014 година, и четири украински региони кои Русија незаконски ги анектираше во 2022 година и делумно ги окупираше.

Вежбите беа најавени на 6 мај, а Министерството за одбрана во соопштението потврди дека тие ќе бидат одговор на „провокативните изјави и заканите на одредени западни претставници во однос на Руската Федерација“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Јетон Шаќири

Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни,...