Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари потврди дека Иранците испратиле беспилотни летала кон Израел и дека израелската држава е подготвена на сè. Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден ќе се врати рано во Вашингтон од Делавер за да разговара со неговиот тим за национална безбедност, еден ден откако изјави дека очекува ирански напад врз Израел, ја пренесуваат светските новински агенции оваа ударна вест.
Iran launched UAVs from within its territory toward Israel a short while ago.
The IDF is on high alert and is constantly monitoring the operational situation. The IDF Aerial Defense Array is on high alert, along with IAF fighter jets and Israeli Navy vessels that are on a… pic.twitter.com/eEySouGVcN
— Israel Defense Forces (@IDF) April 13, 2024
Во јавното обраќање Хагари ги предупреди граѓаните кога ќе слушнат сирени да одат во прифатилиштата и таму да чекаат дополнителни информации, како и да се информираат исклучиво преку официјални канали. Хагари рече дека е потребно извесно време за беспилотните летала да стигнат до Израел, но дека нема потреба од паника.
„Во последните денови ги зајакнавме нашите одбранбени и офанзивни редови и решени сме да ги преземеме сите неопходни мерки за одбрана на граѓаните на државата Израел“, рече министерот за одбрана Јоав Галант, додавајќи дека внимателно го следат планираниот напад од Иран.
Тој додаде дека ги подобриле своите способности на копно, море и воздух, како и во управувањето со разузнавањето заедно со партнерите, предводени од САД. Тој го нарече Иран терористичка држава и ѝ порача на јавноста да ги следи упатствата.
Воените тензии на Блискиот Исток се зголемуваат по израелскиот воздушен напад врз комплексот на иранската амбасада во сирискиот главен град Дамаск на почетокот на април. Иранското државно раководство се закани со одмазда. Поради ова, израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац ја одложи посетата на Австрија и Унгарија планирана за утре, недела.