Оставка на претседателската функција на Алијансата за позитивна Македонија поднесе Љупчо Зиков, кој вчера до главниот одбор на партијата ја достави писмената оставка, во која, покрај другото, наведува дека е незадоволен од функционирањето на партијата.
„Оставката ја поднесувам заедно со поголем дел од членовите на извршниот одбор. Мојата и нашата процена е дека не постои брз начин за надминување на проблемите и на блокадите во Алијансата. Вака поставена, Алијансата нема услови да ја реализира својата визија и програма, која беше основниот фундамент околу кој се собравме во јуни 2013 година“, се наведува во писмената оставка што ја поднесе Зиков до партијата.
В недела ќе се одржи седница на извршниот одбор на партијата, на која се очекува и официјално да биде верификувана неговата оставка.