fbpx

Бојмацалиев на полноќ пречекуваше обрасци за пасоши на ГП Богородица

Од фотографиите може да се види како Бојмацалиев го пречекува камионот со обрасците за пасоши на граничниот премин Богородица и се поздравува со вработените, демонстрирајќи го концептот, како што вели - „МВР за Граѓаните” на дело

-

Со галерија од фотографии, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев на полноќ на социјалните мрежи се пофали дека ги пречекал новите 140.000 обрасци за пасоши.

Од фотографиите може да се види како Бојмацалиев го пречекува камионот со обрасците за пасоши на граничниот премин Богородица и се поздравува со вработените, демонстрирајќи го концептот, како што вели – „МВР за Граѓаните” на дело.

Фото: МВР

Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај денешната пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што бројката од 225.000 обрасци се комплетира.

Фото: МВР

„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, информираше Бојмацалиев.

Тој упати и апел до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на своите пасоши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...