fbpx

Со лажен сертификат станала директорка на училиште од Драчево

Т. К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во Драчево, по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето, информира МВР

-

Единицата за корупција при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Т.К.(49) од Скопје и С.К.(56) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

„Пријавената Т.К., вработена во основно училиште во с. Драчево, скопско и пријавената С.К., вработена во Општа болница Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија. Т.К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с.Драчево, по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето“, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

На сличен начин, С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...