fbpx

Министерот Лога ja именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со ЕВРОПРАВДА

Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година, согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја

-

Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на РСМ ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со ЕВРОПРАВДА.
Лога ѝ посакал успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда.

Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година, согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја.

Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Северна Македонија, од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Слухот вратен на глуво едногодишно девојче со помош на пионерска генетска терапија

Слухот му беше вратен на дете од Британија, со помош на генетската терапија. Малата Оупал Сенди била дел од клиничко испитување и е првиот човек чиј слух бил вратен...