fbpx

Среде зима, 34 пожари во последново деноноќие

Активен е само уште еден пожар од последното изминато деноноќие, на непристапен терен на Селечка Планина“, информираат од ЦУК

-

Во текот на изминатото деноноќие, согласно информациите до Центарот за управување со кризи биле активни други 34 пожари на отворен простор.

„Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, гаснea најмалку 34 евидентирани пожари на отворено, на одредени места и со помош на локалното население. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Активен е само уште еден пожар од последното изминато деноноќие, на непристапен терен на Селечка Планина“, информираат од ЦУК.

Од таму додаваат дека конкретно, Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп гаснеле пожар на запалена сува трева меѓу атар на с.Волково и с. Прилепец во територијалниот опфат на општината Прилеп со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари.

„Пожарот што започнал во 19.12 часот бил изгаснат во долниот дел на пределот во близина на атарите на селата меѓутоа активен бил во горниот дел на непристапен терен на Селечка Планина“, појаснуваат од ЦУК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...