fbpx

ЈО: Обвинение за жител на Демир Капија за ширење омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата

Обвинетиот преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на еден веб-портал поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација

-

Јавното обвинителство утрово соопшти дека, по спроведена претходна постапка, обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на еден веб-портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.

Делото, како што соопшти обвинителството, било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...