четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: ЛГБТИ заедница | 10 резултати

Пред протестот в четврток, тешки зборови на епископот Јаков кон невладините организации

27 јуни 2023

„Агресорот се претставува како жртва“, „невладините организации се платени под плаштот на борба за човекови права за да го оковаат во своевиден тоталитаризам нашето општество“,„диктатура на сметка на остварување на нечие право“. Тешки зборови и опасна терминологија со замена на тези на денешната прес-конференција упати епископот Јаков Стобиски во однос на протестот што го организира […]

Епископот Стобиски да се извини за вознемирување врз основа на сексуална ориентација или следува прекршочна постапка

26 јуни 2023

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека епископот Јаков Стобиски извршил дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во областа на јавното информирање и медиуми, соопштија од Коалицијата Маргини. Мислењето на КСЗД следува по поднесените претставки од страна на Маргини и на КВИР Центарот. Епископот Јаков Стобиски сега треба јавно […]

Додик ќе штити семејни вредности со забрана за влез на ЛГБТИ-лица во школите

24 март 2023

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави нов дискриминаторски закон, со кој планира во овој дел од Босна и Херцеговина да им забрани на припадниците на ЛГБТИ заедницата влез во училишта, градинки и други образовни институции, пренесува босанскиот весник Ослобоѓење. Ваквата изјава тој ја даде за локалната телевизија „К3“, при што спомена дека во наредните […]

НМХТ: Бараме итно постапување за нападот врз Асани од „ЛГБТИ Јунајтед“ – Тетово

10 август 2022

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ) остро го осудува физичкиот напад врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“ – Тетово, Беким Асани кој се случил во Струмица во понеделникот на 8 август. Како што се наведува во реакцијата, според сведоштвото на Асани и неколку други сведоци, нападот се случил во центарот на Струмица, каде тој бил […]

Над 50 медиумски работници повредени на анти-ЛГБТИ протест во Грузија, се бара истрага за насилството

6 јули 2021

На анти-ЛГБТИ протестот што се одржа вчера во грузискиот главен град Тбилиси се повредени над 50 медиумски работници, јавуваат светските агенции. Протестот се одржа против планираниот марш на гордоста во Тбилиси, при што учесниците на анти-ЛГБТИ извршиле 107 напади врз 54 новинари, фоторепортери и сниматели на медиумите. Веднаш по ваквиот напад, организаторите на маршот на […]

Втората парада на гордоста во Скопје, ќе се одржи утре

25 јуни 2021

Во сабота, 26 јуни ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. „Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите […]

Страна 1 од 1