fbpx

УНИЦЕФ: Родителите да си ги заштитат децата од голема кашлица со вакцина

Благодарение на високите стапки на вакцинација во минатото, родителите денес ја имаат таа среќа да растат без да доживеат некој член од семејството или пријател да им почине или да има доживотни последици од болести како што се мали сипаници или детска парализа, наведено е во соопштението на УНИЦЕФ

-

УНИЦЕФ преку соопштение изразува загриженост од растечкиот број случаи со голема кашлица во земјава и од вестите за случаи со мали сипаници во регионот. Оттаму се придружуваат кон повикот на здравствените експерти до родителите и старателите да ги вакцинираат децата што пропуштиле вакцинација.

„Благодарение на високите стапки на вакцинација во минатото, родителите денес ја имаат таа среќа да растат без да доживеат некој член од семејството или пријател да им почине или да има доживотни последици од болести како што се мали сипаници или детска парализа. Сегашната епидемија од голема кашлица потсетува на важноста од одржување опфат со редовна вакцинација на децата над 90 – 95 отсто за да се постигне колективен имунитет“, наведено е во соопштението на УНИЦЕФ.

Оттаму потсетуваат дека само со постигнување колективен имунитет може да се заштитат оние што не можат да се вакцинираат, како што се малите бебиња или лицата со слаб имунитет.

„Вакцинирањето е една од најефективните мерки на заштита на децата и заедниците од сериозни болести. Докажано е дека вакцините се безбедни и глобално секоја година тие спасуваат 2 до 3 милиони детски животи од сериозни болести. Вакцинирањето на децата е колективна одговорност. Ги повикуваме родителите и старателите: обезбедете им на своите деца онаква заштита каква што вашите родители обезбедиле за вас во минатото. Имате моќ да го заштитите своето дете, другите деца и заедницата од болести што може да се спречат со вакцини што се докажано безбедни и високо ефикасни“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В сабота концерт на Дино Имери на „Школка“

Несекојдневен музички настан организира Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, кој ќе се случи на 11 мај (сабота) со почеток во 12 часот. Во Градскиот парк,...